Алиоски: Ако не се пласираме на ЕП не сме направиле ништо

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски кој со својот Лидс избори настап во елитното англиско натпреварување во новата сезона – Премиерлигата, по клупскиот успех смета дека на ред е да направат подеднаков подвиг и со репрезентацијата. Македонија ја делат два чекори од историски настап на завршница од јубилејното ЕП-2020 кое е поместено да се игра идната година во 12 градови на „стариот континент“. За тоа треба да ги мина полуфиналниот дуел со Косово кој ќе го игра на домашен терен пред паразни трибини, а потоа и финалниот меч со подобриот од пресметката Белорусија – Грузија на гостински терен.

Овие два дуели се од завршницата на премиерното изнаие во Лигата на нации, каде Македонија го освои првото место во групата и избори настап во поквалитетно друштво – Ц сегментот.Токму на стартот од второто издание во ова натпреварување Македонија има прилика со дуелите против Ерменија во Скопје в сабота и со Грузија на 8 септември како гостин да ги направи последните тестови за историските два дуели. Македонија повторно е на собир по 10 месеци пауза поради пандемијата со коронавирусот, но тоа не е причина да не верува дека е на вистинскиот пат да ја оствари целта.

Тоа го очекува и најавува Алисоки. Тој  смета дека ако не се пласира макеоднскиот тим на ЕП преку дуелите со Косово и финалниот меч од Д- сегментот во Лигата на нации, каде можен ривал им е токму Грузија, тогаш ништо не сме направиле.

-Тренираме на стадионот на кој сакаме да испишеме историја, не сме направиле ништо ако не се пласираме на Европско првенство. На ови две средби пред дуелот со Косово ќе се подготвиме добро. Посакуваме две победи. Ерменија ни е должник, загубивме во последната пресметка па сега сакаме реванш – изјави Алиоски.

Треба да знаете
Последни објави