Бартомеу може да заврши во затвор поради Меси !?

Еден од најдобрите фудбалери на денешницава аргентинскиот интеранционалец  Лионел Меси со тоа што не се појави на првиот тренинг кај Барселона само потврди дека има намера да си замине од каталонскиот тим каде ја мина целата своја кариера и ја стекна големата слава. Војната во која влегоа меси и раковдството на барселона допрва ќе се разгорува. Новинарот од Каталонија, Гуилем Балаг најави дека епилогот од оваа битка може да заврши и со затворска казна за првиот човек на Барса, Жозеп Марија Бартомеу.

Меси побара раскин на договорот, Барселона му порача дека може да си оди само ако за неговите услуги идниот клуб плати откупна калаузула од 700 милиони евра.  Новинарите откриваат дека таква откупна клаузула не важи во последната година од договорот. Меси најави „правна војна“ за да добие слобода и да бира каде ќе замине. Догворот со барслеона му истекува идното лето.

Во овој хаос се појави и опција дека Бартомеу токму поради можност да ја загуби Барселона битката дека ќе заврши во затвор за лошо раководење на клупскиот имот.

Ако Бартомеу го продаде Меси за помалку од очекуваното, може да биде обвинет за лошо раководење на имот. Тоа значи дека до реалната цена на вредноста ќе мора да доплати од свој џеб или да се соочи и да оди во затвор. Затоа тој и ќе се бори до крај за Меси да остане во Барселона“, објави Балаг.

Манчестер сити се најавува како следна дестинација, но проблем е откупната клаузула, која адвокатите и Меси ја оспоруваат и бараат слободен раскин на договорот, за кое Барселона вели дека е невозможно зашто поминал рокот.

Треба да знаете
Последни објави