Според него, следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински.
„Затоа, почитувани граѓани, во време кога започнува најинтензивната македонска европеизација, приклучете се. Приклучете се кон борбата против корупцијата. Приклучете се на отпорот против КОВИД-19. Прифатате го повикот за широка мобилизација на сите капацитети со кои ќе ги исчистиме воздухот, водите и почвите.
Бидете будни, гласни, конструктивни, аргументирани. Следете ја нашата работа и бидете коректив, но и партнер. Ние, како и досега, ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби.Ова е моментот сите заедно да работиме на промените кои носат напредок и развој, кои носат светла иднина за нас и за нашите деца.Сега, кога сите големи отворени прашања на надворешен план се зад нас, ред е со сите капацитети да се посветиме на работа дома. Да обезбедиме уште подобри услови за уште подобар живот, за уште поголеми плати, за повеќе правда и повеќе грижа за сите наши граѓани“, додаде Заев.