Заев: Во пензија на 62 и 64 години

Премиерот Зоран Заев по денешната средба со стопанските комори рече дека 10.000 работници постари од 64 години, односно од 62, ќе мора да одат во задолжителна пензија со законот кој ќе биде изгласан во првите 100 дена од новата Влада.

– Станува збор за 10.300 работници кои се уште работат, според последните податоци кои ги добув од Министерството за информатичко општество и администрација. Но треба да се знае дека тука има варијабли, како универзитетски професори и здравствени работници, кои нема да бидат опфатени со законот. Според тоа, груба пресметка е дека станува збор за околу 10.000, рече Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Претходно, зборувајќи на темата за рационализација на јавната админстрација, шефот на Владата рече дека ќе се укине можноста некој вработен и по навршувањето на годините за пензионирање да може да остане на работа, опција која сега ја има. Заев сепак рече дека исклучок од ова ќе бидат здравствените работници

„Законот ќе биде изгласан од првите сто дена, а ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Тоа значи задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Исклучок од тоа ќе бидат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри и вработени во високото образование кои се навистина дефицитарни кадри. Потоа ќе има можност за предвремено пензионирање со пет години порано одење во пензија, но и можност за префрлување на некои административци во приватниот сектор, во соработка со стопанските комори за поголеми плати таму, рече Заев изминатиот викенд.

Треба да знаете
Последни објави