Македонските тимови во 3. коло од Лига Европа ги очекуваат потешки и поатрактивни ривали

Откако денеска беа извлечени двојките за 2. квалифиакциско коло во второто по ранг клупско европско фудбалско натпреаврување Лига Европа, утре во Нион ќе се одржи жрепка и за двојките од третото квалификациско коло. Трите македонски претставници Силекс, Ренова и Шкендија доколку ги мината своите противници во 2. рунда како можни противници во 3. коло ги очекуваат потешки и поатрактивни ривали.

Силекс во втората рунда игра против Дрита од Косово на домашен терен и доколку ја елиминира во третото коло можни противници му се Селтик, Легија Варшава и литванскиот првак Судува.

Шкендија во второто коло ќе гостува кај романскиот состав Ботошани и ако успее да ја оправда фаворитската улога како можни ривали на тетовци во 3. коло им се Ростов и победниците од натпреварите Бала Таун (Велс) – Стандард Лиеж и Локомотив Пловдив – Тотенхем.

Ренова која во втрото коло игра со хрватскиот Хајдук од Сплит како домаќин, во третата рунда како можни противници и се Викторија Плзен и победниците од натпреварите Нефчи – Галатасарај, ЦСКА Софија – БАТЕ Борисов и Кајсар (Казахстан) – АПОЕЛ (Кипар).

Треба да знаете
Последни објави