Мајката на убиенот Пино ја продава куќата во Петровец

Откако ѝ ја ограбија куќата, на социјалните мрежи осамна оглас од мајката на убиениот Пино, Маја Трпковска дека ја продава куќата во Петровец. Во коментарите стои дека веќе нема ништо што ја врзува за Македонија и дека се што и треба и е со неа воИталија.

-Продавам куќа во Петровец 160 метри квадратни со плус доградба 60 метри квадратни.
Куќата е скрос наместена со намештај од висок квалитет. За повеќе информации и прашања во инбокс. Знамињата на Република Македонија не се на продажба!!!- стои во огласот на Трпковска.

Мајката на убиениот Пинета Секондо на Фејсбук пред неколку дена објави дека е провалено во нивната куќа во населбата Петровец.

„Може све да ми земете, и куќа и ниви и све!!! Ама тоа што го носам во срцето никогаш никој нема да ми го украде или земе. Парите доаѓаат и одат ама чистата душа пред Господ нема вредност!!!
Тие што со нивните гнасни раце ја провалија мојата куќа и собата на Пино проклети да бидат! Црна иднина за сите нивни нај блиски и нај сакани! Идиоти!!!, напиша тогаш Трпковска.

Таа во моментов е во Италија со семејството, а за 24 Инфо изјави дека доста работи од Пино се украдени.

-Криво ми е за собата на Пино, ја чував како храм, ретко влегував внатре. За мене тоа беше единственото што ми остана од него. Ми го силуваа единственото што остана од него, вели Трпковска.

Таа објасни дека пред еден месец било провалено и во механичарската работилница на Пино, каде поправал автомобили. Во куќата влегле преку една од вратите во дневната соба.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави