Милевски ги почна подготовките за дуелот со Шпанија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Благоја Милевски  ги почна подготовките за претстојните два натпревари од квалификациската група за пласман на Европското првенство што ќе се одржи следната година.

Првиот натпревар македонските фудбалски надежи ќе го одиграат в четврток на арената „Тодор Проески“ со фаворизираната Шпанија со почетокот од 18.45 часот, а  на 8 септември ќе и гостуваат на соодветната селекција на Фарски Острови која е последна во 6. квалифиакциска група со четири порази од четири настапи пред продолжението на квалифиакцискиот циклус. Шпанија е лидер во групата со четири победи и едно реми од пет настапи, додека Македонија по чети одиграни кола има две победи, по едно реми и пораз и со седум бода е четвртопласирана.

Треба да знаете
Последни објави