Мицковски треба да собере храброст и да свика вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ

Внатрепартиските препукувања во опзоциската ВМРО ДПМНЕ каде главната ролја ја има лидерот Христијан Мицковски наспроти дел негови незадоволни сопартици по изборниот пораз на предврмените парламентарни избори продолжуваат со несмалена жестина. Излезот од оваа внатрешна криза треба да кулминира со вонреден партиски конгрес на кој Мицкоски би си ја забетонирал позицијата, или ќе падне од расклиманата фотелја.

Но за дојде до таков демократски расплет изим треба да даде Мицкоски, кој според неистомислениците нема храброст да го одигра тој потег. Мицкоски се плаши дека ќе му биде изгласана недоверба и затоа се прави „наглув“. На барањата од сопартициите им одговара, но вели дека нема пристигнато такво нешто во партиската архива. Денеска тој јавно порача дека нема намера да поднесе оставка !?

Во предизборието кажуваше дека ќе си замине од лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ доколку не победи на предвремените парламентарни избори, а откако тој услов не го исполни си даде уште една надеж дека ќе формира влада, што не доби шанса да ја направи. Коцките не му се наредија, па сопартиците јавно го повикаа да покаже демократски капацитет и да не бега од вистината.

Сопартијците кои бараат од него свикување на вонреден конгрес се пожалија дека дома им доаѓаат „неканети гости“ и ги вознемируваат, им се закануваат ! Мицкоски им возврати нарекувајќи ги криминалци, одработувачи за СДСМ и Зоран Заев, мафија, мрачни сили, печалбари во политиката, хотелски коалиции, појаничарени слуги…

Не му останаа должни иницијаторите за свикување на вонреден партиски конгрес на опозициската   ВМРО-ДПМНЕ. Според нив Мицкоски е единствениот виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер.

-Одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите, е реакцијата на иницијаторите за свикување на вонредниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави