Од утре граѓаните имаат можност да ја користата здравствената услуга „Мој термин“, која поради вонредната состојба со пандемијата од коронавирусот беше суспендирана на неодредено време. Здравствен дом-Скопје, со сите негови служби, Итната медицинска помош, прераспределбата на интернисти во останатите градови во земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во болниците надвор од Скопје почнува да функционира како пред пандемијата.
Утре за пациентите се отвораат и вратите на амбулантите на ГОБ „8 Септември“ по пауза од шест месеци, откако оваа здравствена установа беше пренаменета во прв ковид-центар. Од „8 Септември“ велат дека за почеток ќе биде отворена по една амбуланта за секој оддел со строго почитување на протоколите.
Прегледите ќе бидат ограничени на 30 минути и ќе има задолжително мерење на температура кај пациентот. ГОБ „8 Септември од утре ќе работи со максимум 55 ковид пациенти, а останатите ќе бидат префрлени во останатите инфективни одделенија.