Османи: Продлабочување на стратешко партнерство меѓу САД и С. Македонија еден од клучните приориетети на надворешната политика

На првиот работен ден како Министер за надворешни работи, Министерот Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со Помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер.

Честитајќи за новата позиција на Османи, амбасадорот Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО.

-Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален партнер на Балканот, особено во рамките на нашиот искрен придонес во решавање на регионалните прашања”, истакна Османи, посочувајќи ја Република Северна Македонија како еден вид „фронтранер” во регион, земја – пример за тоа како се затвораат отворените билатерални прашања.

Соговорниците се согласија дека земјава треба да продолжи на патот на европските интеграции, особено во рамките на очекуваните старт на преговорите до крајот на оваа година.

На крајот од разговорот, Османи го покани Помошникот на државниот секретар да ја посети земјата, што беше со задоволство прифатено од страна на амбасадорот Рикер, кој ја најави својата посета на земјава наскоро.

Треба да знаете
Последни објави