Ренова го пречекува сплитски Хајдук

Во 2.квалификациско коло во фудбалската Лига Европа, две од трите македонските екипи Силекс и Ренова ќе играат како домаќини, а Шкендија ќе гостува. Така одлучи денешната ждрепка во која Силекс за противник ја доби екипата на Дрита од Косово, Ренова го пречекува хрватскиот Хајдук, а Шкендија гостува кај Ботошани во Романија. Натпреаврите се играат на 17 септември без присуство на гледачи.

Што се однесува до останатите двојки од оваа квалифиакциска рунда без реван како интересн ќе биде и дуелот на поранешнитер вардарови играчи Али Адем и Евгениј Новак на 17 септември ќе играат еден против друг. Арис на Адем во Солун ќе го дочека Колос, тимот на Новак од Украина. До вчера заедно овие двајца играа во Вардар, а сега ќе мораат еден против друг.

Бобан Николов и Висар Муслиу со својот МОЛ Фехервар ќе гостуваат на Малта, кај тимот на Хибернијанс, секако дека составот на нашите репрезентативци е голем фаворит за пласман во следната фаза.

Баже Тодоровски со својата Теута, откако ја мина првата пречка наречена Беитар, сега одново ќе игра дома, и тоа против шпанската Гранада. Ова е нов предизвик за искусниот десен бек кој игра со голем успех за освојувачот на Купот во Албанија.

Да споменеме дека “џек-потот“ наречен Тотенхем го доби Бруно Акраповиќ, некогашниот стратег на Шкендија кој на 17 септември ќе го нагости Жозе Мурињо. Имено на Локо Пловдив на денешната ждрепка во Нион му се падна гигантот Тотенхем.

 

Треба да знаете
Последни објави