Тихановскаја ќе лобира во СБ на ОН за поддршка за мирната транзиција на власта во Белорусија

Белоруската лидерка Светлана Тихановскаја планира да лобира за поддршка од Советот за безбедност на Обединетите нации и Советот на Европа за мирна транзиција на власта во земјата, соопшти денеска нејзиниот тим во Минск.

Нејзините претставници за германската агенција наведуваат дека Тихановскаја на 4 септември ќе зборува на состанок на комитет на Обединетите нации, а потоа на 8н септември и пред парламентарното собрание на Советот на Европа.

Тихановскаја заврши втора на претседателските избори на 9 август, според спорниот официјален извештај. Еден ден по изборите таа избега во соседна Литванија, во време на насилно полициско однесување врз претежно мирните протести, додаде ДПА.

Тихановскаја (37) веќе има добиено поддршка од некои европски лидери во нејзината кампања за отстранување од функцијата на долгодишниот претседател Александар Лукашенко.

Треба да знаете
Последни објави