Oрбан со декрет им забрани влез на странците во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој го забранува влезот на странци во земјата, со малобројни исклучоци, објавено е во Службен весник на таа земја.

Забраната, која ќе стапи на сила утре, беше објавена минатиот петок, објави агенцијата МТИ.

Исклучоците се однесуваат за владини службеници кои организираат службени настани, за приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно студираат, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој на кој му е дозволено да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделен карантин и двапати да се тестира негативно за коронавирусот.

Двонеделниот карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат во земјата од странство.

Треба да знаете
Последни објави