Арбен Зибери од ДУИ е пратеникот кој вечерва гласаше во посебна кабина

Арбен Зибери од ДУИ е пратеникот кој вечерва гласаше во посебна кабина, како позитивен на ковид-19, со што беше обезбеден и последниот од вкупно 62 гласа за избор на новата Влада.

Спикерот Талат Џафери, пред гласањето, соопшти дека, согласно со протоколите за заштита од ковид-19, еден од пратениците ќе гласа во посебна просторија. Тој им посочи на пратениците дека нема потреба од паника, затоа што се е во согласност со протоколите.

Треба да знаете
Последни објави