(Видео, фото) Средношколците протестираат, бараат комбинирана настава

Попладнево пред Министерството за образование и наука започна средношколскиот протест против целосна онлајн настава.

На протестот се собраа стотина средношколци, со почитување на правилата за дистаца и со маски, засилени со родители и  граѓани од Скопје кои се согласуваат со нивниот протест.

 

Протестот ќе заврши пред Владата на СРМ, каде претставниците на Сојузот на средншколци ќе ги повторат барањата наставата наместо  онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, да почне со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави