„Ел класико” на 25 октомври

Шпанската федерација извлече ждрепка за претстојната сезона во Ла Лига. Шампионатот во Ла Лига започнува на 13 септември, а натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

Барселона на Роналд Куман започнува со дебитантот Елче на „Камп Ноу”, додека одбраната на титулата на Зинедин Зидан и „белите” ќе започне на „Валдебебас” против Хетафе.

Најинтересниот дуел од првото коло е помеѓу Атлетико Мадрид и Севиља, а има и градско дерби помеѓу Валенсија и Леванте на „Местаља”.

„Ел Класико” ќе гледаме во 7-мо и 30-то коло. На првиот натпревар, Барселона е домаќин на Реал на 25 октомври, додека натпреварот во Мадрид ќе биде на 11 април 2021 година.

Натпреварите во првото коло:

Алавеш – Бетис
Атлетико Мадрид – Севиља
Барселона – Елче
Еибар – Селта
Кадиз – Осасуна
Гранада – Атлетик Билбао
Валенсија – Леванте
Ваљадолид – Реал Сосиедад
Виљареал – Хуеска

Треба да знаете
Последни објави