„Зад сиот гламур се криеше скршена жена“- трагичниот живот на Мерилин Монро

Мерилин Монро, родена како Норма Џин, глумела „наивна русокоса“ додека го губела сопственото јас.

Сите ја знаеме Мерилин Монро како насмеана русокоса која секогаш изгледала беспрекорно. Но, зад оваа насмевка, Мерилин успешно ја криела несигурната Норма Џин.

Во продолжение погледнете неколку факти за животот на оваа ѕвезда кои ќе ви покажат колку всушност не знаеме за неа:

Пораснала без родители

Мерилин е ќерка на Гледис Бејкер, но не се знае кој е нејзиниот татко. Мајка ѝ, пак, ја оставила во сиропиталиште кратко по нејзиното раѓање.

Поради финансиски проблеми, Гледис се грижела за Мерилин, тогаш Норма, само за викендите, но кога ѝ се стабилизирала ситуацијата, ја вратила дома. За жал, не поминало многу време пред Гледис да добие дијагноза за шизофренија и да биде хоспитализирана.

До крајот на нејзиниот живот, Гледис речиси никогаш не ја контактирала Мерилин, па девојчето живеело во други семејства, кај пријатели или во сиропиталиште.

Во периодот кога детството ѝ било најтешко, кога имала 5 години, Мерилин почнала да сонува да биде актерка…

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-02.jpg

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави