Од портир и чистач до милионер: Холивудската животна приказна на Том Круз

Холивудскиот актер Том Круз, пред да стане популарен, работел како чистач и портир, а денес неговото богатство се проценува над 550 милиони долари.

Томас Круз Мапотер IV е вистинското име на Том Круз кој денес не би го гледале во легендарните филмови доколку заминеше по својот повик кон свештенството. Како многу религиозен, Круз уште на мали години сакал да стане свештеник, додека во училиште не пробал да глуми.

Се наоѓа на листата помеѓу топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња. Како мал играл хокеј на трева, но престанал откако се повредил и го оштетил предниот заб.

„На 18 години го напуштив училиштето и заминав во Њујорк за да станам актер, не сонував за волкав успех“ – во една прилика изјави Том, кој е роден во Кентаки, а има и германско, ирско и англиско потекло…

Преземено од Хаштаг

Треба да знаете
Последни објави