Поголем пад на БДП на Италија од почетната проценка

Италијанската економија во вториот квартал забележа поголем пад од првичната проценека, покажа денеска објавениот извештај на Заводот за статистика, а тоа се должи на тешките економски последици од пандемијата на коронавирус.

Италијанската економија падна за 12,8 проценти од април до јуни во однос на претходните три месеци, објави Истат.

Во средината на март, заводот за статистика прелиминарно процени дека БДП ќе се намали за 12,4 проценти од април до јуни, и покрај првиот бран на пандемијата на коронавирус.

На годишна основа, италијанската економија се намали за 17,7 проценти во вториот квартал, 0,4 процентни поени повеќе отколку што беше проценето во прелиминарниот извештај, соопшти Истат.

Извозот и увозот паднаа најмногу на квартална основа, со 26,4, односно 20,5 проценти. Потрошувачката на компаниите исто така падна нагло, за 14,9 проценти, додека крајната потрошувачка на домаќинства се намали „само” за 8,7 проценти.

Треба да знаете
Последни објави