Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека поголем дел од реките во државата имаат повисок водостој од просекот за август.
Зголемен водостој во однос на августовскиот просек е забележан кај реката Вардар на сите мерни места. Најмногу или за 92 сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Демир Капија. Повисок е водостојот и на Пчиња кај Катлановска Бања, на Црна Река и Црн Дрим.
Понизок водостој имаат реките Лепенец, Крива Река и Струмица.
Кај езерата, денешните мерења покажуваат дека повисоко е нивото на Дојранското Езеро, а пониско на Преспанското Езеро. За Охридското Езеро денеска не се достапни податоци.