Лидерот на црногорската коалиција „Црно на бело” Дритан Абазовиќ денеска апелираше до граѓаните на Плевље, по вчерашните немири во овој град, дека нема причина за конфликти и дека секој треба да се обиде да испрати силна порака за толеранција.
Плевље, како и Црна Гора, е дом на сите црногорски граѓани и никој од чесните и честити луѓе во нашата земја не треба да се плаши од било кого, кажа тој.
-Единствениот страв во оваа земја треба да го имаат луѓето кои го прекршиле законот, нагласи Абазовиќ, додавајќи дека нема потреба никој да се чувствува загрозен.
Тој повика на ублажување на тензиите, на мир и истакна дека треба да се почитуваат основните универзални човечки принципи, на љубов и разбирање и избегнување на сите провокации.
Абазовиќ во Плевље повтори дека не треба да се прават нереди и на граѓаните им порача: „Ако славете, славете со семејствата”.
Тој уште кажа дека во Црна Гора има ниско ниво на политичка култура и дека сето ова се породилните болки на демократијата и дека се надева дека секоја следна промена ќе мине полесно и без поголеми проблеми.