Траоре нема да ѝ се придружи на Шпанија и да чека деби, зашто падна на корона-тесто. Траоре е втор фудбалер кој е заразен од ковид-19 во шпанската селекција, покрај Микел Ојарзабал.
Црномурестиот напаѓач лани во ноември беше повикан и се најде на списокот на репрезентативци на „црвената фурија“, ама не заигра, зашто беше повреден. Според информациите од Шпанија, фудбалерите ќе бидат повторно тестирани со цел да се отстрани секаков ризик и неизвесност, а Траоре во четврток ќе има нов тест, евентуално да може да дојде во Шпанија.
„Црвената фурија“ ја чекаат пресметки со Германија и со Украина во овој двоен термин месецов на стартот на втората сезона во Лигата на нации.