Англискит фудбалски премиерлигаш Арсенал го ангажира централниот дефанзивец на Лил – Габриел. 22-годишниот дефанзивец пристигнува на „Емирати” за 25 милиони евра, а договорот може да се искачи на 30 милиони со бонуси.
Лондонскиот клуб не објави времетраење на договорот. Плановите на менаџерот Микел Артета се да формира борбен пар во одбраната со друг талент – Вилијам Салиба.
Габриел е втор Бразилец во изборот на „топџиите” за оваа сезона, откако Вилијан дојде во клубот со слободен трансфер.
– Габриел има многу квалитети што ќе не направат силни во одбрана. Во Лил, тој се покажа како дефанзивец со многу импресивни квалитети. Едвај чекам да видам како ќе расте како играч на Арсенал, изјави менаџерот Артета.