Играчот за врска Марио Геце може да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, пренесува „Дејли Експрес”.
Според британскиот медиум, Вест Хем е заинтересиран за 28-годишниот Германец. Објавено е дека англискиот клуб смета дека Геце покрај средниот ред ќе биде и добра опција за засилување на нападот.
Во сезоната 2019/20, Геце одигра 21 натпревар за Борусија Дортмунд, постигна три гола и една асистенција.
Бундеслигашот не го продолжи договорот со фудбалерот на крајот на сезоната.