Владата на Република Северна Македонија денеска, (01.09.2020 година) вторник со почеток во 12:00 часот во свечената сала ќе ја одржи првата конститутивна седница.
На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии.