ВМРО ДПМНЕ со Мицкоски е на губитнички пат

Единственото кадровско освежување  кое што во моментов е неопходно и може да му донесе корист на ВМРО-ДПМНЕ е оставката на Претседателот Христијан Мицкоски и закажувањето на вонреден конгрес за избор на ново раководство. Се друго е само обид за дефокусирање од вистинскиот виновник за изборните порази во низа, се велат од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес кај опозициската ВММРО ДПМНЕ како реакција по вчерашниот состанок на ИК.

Претседателот Христијан Мицкоски е лично одговорен за тоа што од вчера Зоран Заев по втор пат стана премиер.  Додека вчера членството на ВМРО-ДПМНЕ разочарано гледаше како функционерите на СДСМ си ги примопредаваат кабинетите , Претседателот Мицкоски прославуваше уште една победа , која овој пат ја нарече „почеток на крајот” на СДСМ.

 Ваквото живеење во стаклено звоно, ВМРО-ДПМНЕ го носи во амбис. Мицкоски веќе нема контакт со реалноста и мора да си замине и да престане да нанесува непоправлива штета на партијата. Не смее да се чека да се загубат и следните локални избори по кои Мицкоски ќе прогласи „финале на падот на СДСМ”.

 Ниту Мицкоски, ниту Извршниот комитет со истечен мандат немаат легитимитет да вршат кадровски промени во партиската структура. Јасно е дека кадровските решенија се со една единствена цел, а тоа е Мицкоски да си купи привиден мир и поддршка, но во реалноста, тие уште повеќе го дистанцираат од членството.

 ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски е на губитнички пат. ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на победите само доколку Мицкоски го одржи зборот и си поднесе оставка по неуспесите да победи на избори и да формира влада. Време е на Вонреден конгрес да се избере ново раководство кое ќе има углед меѓу народот и ќе ја врати довербата на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави