Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека засега нема назначено ниту еден советник бидејќи Владата е избрана пред неполни два дена.
– Следува процес на консултации со луѓето и екипирање на институциите – заменици, државни секретари и паралелно се поставува и кабинетот на советници на премиерот. Немам донесено одлуки. Допрва ќе ги донесам одлуките и ќе ги соопштам, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на една година од основањето на Агенцијата за национална безбедност.
Најави дека Деловникот за работа на Валдата ќе биде сменет на денешната или на владината седница во четврток затоа што е воспоставен систем на прв заменик претседател на Владата и тројца вицепремиери и со него ќе се прецизираат надлежностите на вицепремиерите.
– Во тоа треба да направиме точно разграничување дека во отуство на премиерот, првиот заменик претседател на Владата го заменува во делокругот на надлежностите, но секој од замениците претседатели на Владата е одговорен во одредена област, односно трите столбни комисии на Владата ќе ги водат токму трите потретседатели на Владата. Комисијата за политички систем ќе ја води првиот заменик претседател на Владата, Комисијата за човечки ресурски и одржлив развој ќе ја води потпретседателот Љупчо Николовски и Комисиајта за економски систем ќе ја води потпретседатѕелот Фатмир Битиќи.
На денешната владина седница, како што најави, ќе се расправа за градинките и за прашањето за платите во културата, а најверојатно ќе се задолжи економскиот тим на Владата да започне со постапките за новите антикризни мерки. Денес на владина седница ќе бидат донесени и одлуки кои дефинираат во посебни околности да се реорганизира наставата по што се очекува министерката за образование и министерот за здравство да ги објават деталите.