Во април наредната година членовите на СДСМ на непосредни избори ќе гласааат за претседател на партијата. Мандатот на сегашниот лидер Зоран Заев истекува во мај 2021 година.
За оваа новост за ваквиот избор на првиот човек на партијата, за кој прво треба да биде сменет статутот на партијата, денеска информираше претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македеонија Зоран Заев на одбележувањето една година работа на Агенцијата за национална безбедност АНБ.
-Во април наредната година сите членови на СДСМ ќе гласаме на непосредни избори за избор на претседател на партијата, истакна Заев.
За Конгресот на СДСМ кој, според Заев ќе се одржи кон крајот на септември или почетокот на октомври, покрај промената за избор на претседател, најави и промена во статутот на партијата со која генералниот секретар на партијата ќе може да учествува во извршната власт.
Прашан за моменталната состојба со генералниот секретар, Заев рече дека Љупчо Николовски како генерален секретар на партијата не презема одговорност за министерство со ресор, туку презема координативна функција, а тоа е потпретседател кој ги координира ресорите во извршната власт.
-Тој е генералниот секретар на партијата и неговиот мандат на партијата е како и мојот до мај 2021 година кога истекуваат четири години. Во рамките на отчетниот конгрес кој ќе го имаме кон крајот на септемви или почетокот на октомври статутот ќе биде променет да може генералниот секретар да учествува во извршната власт, појасни Заев.