Продолжува чистката во Реал Мадрид и до крајот на неделата тројца фудбалери ќе го напуштат „кралскиот“ клуб.
Хамес Родригез е на прав да потпише за Евертон. Колумбиецот не е дел од плановите на тренерот Зинедин Зидан и поради тоа ќе ја промени средината.
Освен него екипата ќе ја напуштат Дани Себаљос, кој ќе ја продолжи позајмицата со Арсенал, а Брахим Диаз ќе потпише за Милан.
Во договорот на Брахим Дијаз ќе има опција Милан да го откупи следното лето за 20 милиони евра, но „кралевите“ ќе имаат бај-бек клаузула и ќе можат да го вратат во следните две сезони за 30 милиони евра.