Иран: ОАЕ го изневери исламскиот свет

Обединетите Арапски Емирати го изневерија муслиманскиот свет и Палестинците кога го прифатија договорот за нормализирање на односите со Израел, оцени денеска врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

– Се разбира, предавството на ОАЕ нема да трае долго, но стигмата ќе остане засекогаш запаметена, бидејќи тие заборавија на Палестина и дозволија инвазија на ционистите. Емиратите се засекогаш обесчестени, рече иранскиот ајатолах.

Иран остро го критикуваше договорот, од кој ОАЕ и Израел очекуваат економски придобивки, а Палестинците стравуваат дека тој дополнително ќе ја загрози нивната борба за независна држава.

Треба да знаете
Последни објави