За ситуацијата во Белорусија, Русија ќе биде водена од меѓународното право и постојните билатерални обврски меѓу Москва и Минск, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во говорот пред студентите и професорите на московскиот универзитет МГИМО.
Тасс наведува дека Лавров кажал дека Белорусија минува низ тежок период.
-Ние многу јасно го искажавме нашиот став – ќе бидеме водени од меѓународното право и обврските што постојат меѓу нас и Република Белорусија, подвлече Лавров.
„И, се разбира, би сакале луѓето во Белорусија да можат сами да ги решаваат своите проблеми, без никакво странско мешање”, додаде Лавров.