Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска откри дека балканскиот кантавтор Дино Мерлин за настапот на новогодишната вечер во главниот град добил 80.000 евра од донатор во договор со тајни клаузули според кој не смее да се открие кој ги дал тие пари за босанскиот музичар.
– Имавме најспектакуларен дочак со 80.000 гледачи. Од панаѓурски пречек на Нова Година станавме метропола. За Нова Година беа регистрирани 35.000 туристи и 120.000 ноќевања за Нова Година. Спонзорите бераат анонимност нпреку тајни клузули од договорот, но еве ќе речам дека на Мерлин му беа платени 80.000 евра, рече Шилегов.
Тој најави тужби за медиумите кои пласирале лажна вест дека на Дино Мерлин прво му биле платени 100.000 евра, па дополнителни 160.000 евра.
За договорот од 160.000 евра вели дека не бил наменет за Мерлин, туку дека се тоа пари за културни институции за да организираат настани како што вели тој, на пример за пречекот на ракометарите на Вардар кога станаа европски прваци.
– Тоа повлекува трошоци за опрема, сцена, озвучување 160.000 за пречлекот на ркаометарите, опрема, сцена, озвучување, рече скопскиот градоначалник.