Серија „А” ги одреди датумите на кои ќе започне новата сезона 2020/2021. Средбите од Калчото ќе започнат на 19 септември и ќе завршат на 23 мај следната година. Се очекува да има шест меѓу кола на 16 декември, 23 декември, 6 јануари, 21 април и 12 мај. Оваа сезона ќе биде без зимска пауза за Божиќ.
Паузите заради натпреварите на репрезентациите се на 11 октомври, 15 ноември и 28 март.
Лацио и Рома нема да можат да бидат домаќини на Олимпико по 18 мај, бидејќи ќе започнат подготовките за натпреварите на ЕП 2021.
Ждрепката за новата сезона ќе биде извлечена утре.
Во исто време, беа утврдени датумите за натпреварите од Купот на Италија. Турнирот ќе започне на 23 септември и ќе заврши на 19 мај, а финалето најверојатно ќе се одржи на „Сан Сиро” во Милано.
Во сите пресметки, победниците ќе бидат одредени на еден натпревар, освен полуфиналето, кое ќе биде во два натпревари.