Папата Франциск денеска оцени дека пандемијата на коронавирусот покажа дека планетата може да се опорави, доколку тоа и биде дозволено.
Но, луѓето мора да прифатат поедноставен начин на живот за да и помогнат на планетата која „се гуши” под постојаните барања за економски раст.
Во новиот апел за помош на загрозената животна средина, папата повторно повика на отпис на долговите кон најзагрозените земји и тој потег, како што оцени, би бил фер бидејќи богатите земји ги искористуваат природните ресурси на посиромашните земји.
-На некој начин, сегашната пандемија не наведе повторно да откриеме поедноставни и поодржливи начини на живот, рече папата Франциск.
Тој посочи дека „веќе може да се види како Земјата може да заздрави ако и биде дозволено да мирува: воздухот станува почист, водите се појасни, а животните се вратија на многу места од кои порано исчезнаа”.
-Пандемијата не доведе до крстосница, рече папата.
Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика луѓето да ја искористат можноста да размислат за своите навики на користење на енергијата, потрошувачката, транспортот и храната.