Македонската фудбалска репрезентација која се подготвува за двата воведни натпревари од новото, второ издание во Лигата на нации со Ерменија и Грузија е полна со оптимизам дека ќе има победнички старт. Првиот противник е Ерменија во Скопје пред празни трибини, а потоа гостување кај Грузија, можниот ривал во финалниот меч од недовршената сезона од истото натпреаврување што може да и обезбеди на македонската селекција и историски пласман на завршница од ЕП-2020, кое е поместено за идната година.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме не го кријат својот оптимизам дека победата е цел на двата натпреаври. Стефан Спировски е убеден дека македонската репрезентација може да ја оствари посакуваната цел иако поголемиот дел од фудбалерите имаа долга пауза поради прекините во првнестават предизвикани поради пандемијата од коронавирусот.
-Имавме пауза од 10 месеци но тие што дојдовме мораме да го дадеме максимумот, да одиграме квалитетно, онака како што треба да се игра кога се носи националниот дрес. Мислам дека сме подготвени, некои веќе почнавме со првенства, но ќе видиме. Одиме прво со Ерменија, па со Грузија… По тоа што го прикажавме во претходните натпреаври во Лига на нации и во квалификациите нѐ става во рангот на фаворити, меѓутоа тоа треба да го покажеме на терен, изјави фудбалерот на АЕК Ларнака.