Јавувачи на „Амазон” флертуваат со клиентки

– Вработен во „Амазон” задолжен да одговара на повици и пораки од клиенти, ѝ се додворувал на девојка која, едноставно, го прашала – зошто нејзиниот нарачан пакет доцни? Така, на Твитер, извесна Роксана објави дел од „приватниот” разговор со својот „виртуелен пријател” Рупеш. Тој, пред сѐ, ѝ рекол дека е слатка и има убаво име…

„Имам добри и лоши вести за Вас. Доброто е што за 24 часа ќе добиете свежи информации од продавачот. Лошо е што по овој разговор, ние се разделуваме,” вели Рупеш.

„Не е, веројатно, дека услужителов од Амазон, ‘прописно’ флертува со мене [се смеам на глас],” вели Роксана покрај сликите од виртуелната преписка. Потоа се јавија и други кориснички со слично искуство. Некои од јавувачите потоа им пишувале на непознатите девојки и од приватен профил, па потрагата натаму продолжила и на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави