Македонската пејачка и ТВ водителка, Јана Бурческа во јули оваа година се породи со своето второ дете, синот Дарин.
Таа на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како Дарин ѝ спие на гради.
Јана и нејзиниот сопруг Александар веќе ја имаат ќерката Дона која наскоро ќе наполни три години.