Министерството за здравство на Бугарија денеска одлучи дека не се потребни повеќе ПЦР тестови за граѓаните од Србија кои планираат да патуваат во оваа земја. Укинат е и задолжителниот карантин за патниците кои од Србија ќе влезат во Бугарија.
Ваква одлука од источниот сосед нема и за граѓаните на Македонија, што значи дека за влез во Бугарија се уште е потребен негативен ПЦР тест за коронавирусот и тоа да е постар од 72 часа.
Бугарија беше една од последните земји во Европската Унија која забрани српските граѓани да влегуваат на нејзина територија поради пандемијата од коронавирусот.