Во Бразил речиси 46 илјади новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство на Бразил потврди дека во последните 24 часа од коронавирус заболеле уште 45.961 луѓе. Како последица од Ковид-19 починале уште 553 пациенти.

Во Бразил од почетокот на пандемијата заболеа 3.908.272 луѓе, додека 121.381 ја загубија битката со Ковид-19, пренесе Роојтерс.

Според бројот на заболени и починати Бразил се наоѓа на второто место во светот, по САД.

Треба да знаете
Последни објави