Добротворната организација „Спаси ги децата” денеска предупреди дека годинава над 67.000 деца во супсахарска Африка можат да умрат поради екстремен глад.
Поради пандемијата на новиот коронавирус отежнат е пристапот до храна или храната е многу скапа за сиромашните жители во тој дел на Африка, соопшти организацијата.
„Спаси ги децата” информира дека во нивните клиники во Источна и Јужна Африка веќе се лекуваат голем број деца кои страдаат од неисхранетост.