Ед Вествик клекна пред Тамара, но немаше прстен

Актерот беше забележан од папарците кога се обиде да се пошегува со својата девојка, потег кој наиде на целосно игнорирање од нејзина страна.

Ед Вествик одглуми дека наводно ја бара за сопруга Тамара Франческони додека беа на одмор на езерото Комо во Италија, а фотографите го забележаа како клечи пред својата избраничка како да сака да ја побара за сопруга. Меѓутоа изгледа дека шегата не му успеа.

33-годишниот актер, наместо прстен, од устата извадил лижавче и ѝ го покажал на Тамара. Судејќи по сериозниот израз на лицето на Тамара, очигледно е дека не ѝ се допаднала шегата, а во еден момент ја завртела главата за да не комуницира со него.

Неодамна извори блиски до парот открија дека топ-моделот  е пресреќна и дека Ед е горд што на сите може да им каже дека таа е негова девојка. „Пријателите и смејството на Ед ја одобруваат врската и мислат дека одлично се согласуваат како пар.“

Треба да знаете
Последни објави