Стапката на вработеност во Италија се зголеми за 0,2 проценти во јули, првпат откако опаѓаше четири месеци по ред за време на пандемијата на Ковид-19.
Растот на вработеноста ги опфаќа скоро сите возрасни групи, освен категоријата од 25 до 34 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат).
Како што е наведено, стапката на вработеност се зголемила за 0,2 на вкупно 57,8 проценти.
Италија претходно бележеше постојан пад на вработеноста од март досега.