Владата ќе се посвети на успешно и ефикасно справување со светската пандемија со коронавирусот, нова енергија и решителност во создавањето подинамичен економски раст, одржлив развој, силни институции со ред, правда, ефикасна правна држава и владеење на правото, модерно образование, внатрешна кохезија, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавје за членство во Европската унија.
Во претходните три години, во време на решавање на најголемите отворени прашања на надворешен и внатрешен план, покажавме дека можеме да обезбедиме повисок економски раст кој создава нови работни места, паралелно со повисоки плати и пензии.
Имаме план за иновативна, стабилна конкурентна македонска економија, подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој.
Во претстојните години продолжуваме со воведување на европските стандарди дома за трансформација на нашата земја на подобро во сите сфери.