Холивудскиот заводник Бред Пит (56) е во врска со германската моделка Никол Потуралски (27), која е сè уште во брак, пишуваат странските медиуми.
Приватниот живот на популарниот актер отсекогаш бил под лупа на јавноста, а светските медиуми пишуваат за нови интересни детали за оваа врска.
Германката Никол Потуралски веќе неколку дена е темата број еден на сите светски таблоиди, а на медиумите им беа потребни неколку дена за да дознаат доста интригантни детали за животот на фаталната убавица.
Славниот актер и моделката беа видени како се гушкаат на аеродром во Франција пред да заминат на романтично патување со приватен лет. На почетокот сите мислеле дека е слободна, млада и привлечна жена која неодоливо потсетува на Ирина Шајк.
„Дејли мејл“ пишува дека Никол е во брак со 68-годишниот богаташ и угостител Роланд Мари. Медиумите тврдат дека Пит и Никол се запознале во ресторанот на нејзиниот сопруг и дека тој веднаш се заљубил во неа.
Никол и Роланд го имаат синот Емил (7), а Мари не сакал да ги коментира односите меѓу неговата сопруга и актерот.
„Не го интересира негативност или љубомора. Тие сè уште се во брак, и таа врска може да се опише како отворен брак”, изјавила пријателка на моделката Никол Потуралски.