Поранешниот судански претседател Омар Ал Башир денеска се појави пред Суд на почетокот на постапката против него во врска со воениот удар што го донесе на власт во 1989 година.
Давајќи исказ како „поранешен претседател на републиката”, 76-годишниот Башир во судницата беше во метален кафез, облечен во бела затворска облека и се чини дека е во добра физичка здравствена состојба, пренесуваат западните медиуми. .
На Ал Башир, кој во април минатата година беше симнат од власт од група воени офицери, му се суди одделно за неговата наводна улога во задушувањето на демонстрациите против негово владеење.
Тој исто така беше осуден во декември на две години затвор заради за корупција, а казната ја служи во затвор во Картум.