Пеп Гвардиола не е воодушевен од можноста Лионел Меси да дојде во неговиот тим ова лето, тврди новинарот на Ел Мундо Депортиво, Серхи Соле.
Причините се од финансиски карактер. Манчестер Сити веќе имаше проблеми со финансискиот фер-плеј и се наоѓаше пред дисквалификација од европските купови, па не сака сега повторно да ја предизвикува судбината. Единствениот начин на кој Гвардиола би го прифатил Меси во своите редови е тој да дојде без отштета што во овој момент се чини невозможно.
Барселона инсистира на клаузулата од 700 милиони евра, правниот тим на Меси тврди дека такво нешто не постои за ова лето, а целата работа е можно да заврши на суд. Во текот на денешниот ден треба да се сретнат таткото и агент на Меси, Хорхе и претседателот на Барса, Жосеп Марија Бартомеу, па можеби работите потоа ќе бидат појасни.