Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен предлог со предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец, за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 28 август 2020 година, околу 1.30 часот, во комплексот на манастирот Св. Богородица и Св. Атанасиј во село Лешок, осомничениот со употреба на сила непосредно нападнал врз телото на службени лица кои вршеле работи од јавна безбедност при што им нанел телесни повреди.
Нападот следел откако по настаната тепачка меѓу посетители на манастирот, меѓу кои бил и осомничениот, службените лица интервенирале со раздвојување на учесниците во тепачката и нивно приведување. Во тој момент осомничениот се дал во бегство, а по него тргнале полициските службеници. Откако го престигнале, осомничениот видно под дејство на алкохол, продолжил да го нарушува јавниот ред и мир. Тој давал активен отпор при обидот на службените лица да го тргнат од местото на настанот за да ја стават ситуацијата под контрола, при што ги навредувал, се заканувал , ги удирал и им нанел телесни повреди.