Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 202/2021 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница.
Планот на Министерството за образование се базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19, рече на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.
Во овој план, појасни Царовска, нудиме комбиниран модел на настава.
-На општините и училиштата им даваме можност да организраат он лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко прустсво во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите, рече Царовска.
Таа ги повика општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат протоколите и понудената комбинираната настава.
При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици, со час од 30 минути во основните и од 35 минути во средните училишта, петминутен одмор помеѓу часовите.
Царовска вчера имаше одделни состаноци со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, како и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.
Претходно Средношколскиот сојуз одржа протест во Скопје за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.