Џафери ќе бара написмено од лидерите на парламентарните партии да се изјаснат дали сакаат да имаат потпретседатели на Собранието

Претседателот на Собранието на Република Северна македонија, Талат Џафери ќе побара од лидерите на парламентарните партии написмено да се изјасната дали се откажуваат од потпретседателската функција во законодавниот дом. Првиот меѓу 120 парламентарци,  Џафери очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владеачката СДСМ да потврдата дали се откажуваат од потпретседател на Собранието. Двете партии тоа го најавија откако Парламентот ја усвои одлуката дека ќе има 5 потпретседатели. На оваа одлука реагираше најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ со образложение дека тоа е непотребен трошок. Им возврати лидерот на владеачката СДСМ и премиер Зоран Заев дека тие ќе се откажат од потпретседателското место ако тоа го стори ВМРО-ДПМНЕ го стори тоа.

– Мене не ми требаат потпретседатели, туку на Собранието. Ако не предложат не ми наштетуваат мене туку на функционирањето на Парламентот. Според Деловниокот, најголемата опозициска партија делегира потпретседател на Собранието. Тоа се популистички изјави, изјави Џафери.

Треба да знаете
Последни објави