Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам преговара со италијанскиот фудбалски шампион Јувентус за аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, информира „Калчо Меркато”.
Како што стана јасно во неделата, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Наполи не е во плановите на новиот тренер на „бјанконерите” Андреа Пирло. 32-годишниот Игуаин заработува 7,5 милиони евра по сезона во Торино и не е јасно дали Бекам е подготвен да му плати барем толку за натпреварите во американската МЛС лига.
Плановите на поранешниот капитен на Англија се да изгради одличен тим, полн со млади таленти и докажани играчи на европската сцена.